ММС

Објавено на: 09/2/21 2:49 PM

Хонорaрно ангажираните адмнистративци ќе го пополнат недостатокот од попишувачи

Во недела наутро, на  5 септември, почнува Пописот за кој деновиве се одвиваат последните подготовки. Нема никакви правни пречки, а обезбедена е и опремата за спроведување на процесот. Ова го изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој кажа дека целиот процес ќе се одвива според протоколите донесени од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

-Очекувам во недела наутро да започне пописот, којшто ќе трае до 30 септември и којшто треба да ги собере сите информации. Правни пречки нема никакви, за да почне пописот, нема ниту технички и логистички пречки. Точно е дека се работи на дополнување на бројот на резервни попишувачи во одредени подрачја. Владата на располагање ги стави оние лица, кои се ангажирани со договор на дело по институциите, да помогнат таму, каде што има потреба и мислам дека со тоа ќе се заокружи бројот на попишувачи, изјави Маричиќ.

Претходно во текот на денот  премиерот Зоран Заев рече дека вакви ситуации „може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред сè во барањата и очекувањата на граѓаните“.

Изминатиот викенд беа спроведени обуките, додека од Владата оценија дека се направени сите подготовки за безбеден, брз и кредибилен Попис, што е прва вака статистичка операција по 20 години.

Пописот ќе трае од 5-30 септември, кога се очекува попишувачите да ги посетат сите домови. Електронското попишување на дијаспората почна до март и до сега се попишани 190.890 граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1