ММС

Објавено на: 09/2/21 2:55 PM

Ковид покоси цело семејство во Тетово, смртта ја дочекале дома, воопшто не побарале лекарска помош

Трагедија во тетовско. Три лица од исто семејство ги загубија животите од КОВИД 19. Сите биле со коморбидитети, а не се јавиле воопшто на лекар и смртта ја дочекале дома. Ова семејство не е во дневната евиденција на починати од Ковид-19, бидејќи, според информациите од надлежните во тетовската болница, во последните 24 часа во Клиничката болница во Тетово починале двајца пациенти на возраст од 40 и 60 години. Освен тоа во дневната статистика запишани се и 14 нови лица, кои биле примени, 10-мина се испишани, што значи дека во моментов хоспитализирани се вкупно 108 пациенти, од кои 106 на кислородна поддршка, а двајца на респиратор.

-Минатата недела во домашни услови починаа три лица од исто семејство, од кои најмладата 36 годишна жена со одредени коморбидитети која имала и гинеколошки проблеми, додека нејзините родители со тешка форма на болест, таткото со канцер, мајката со кардиолошки заболувања. Други членови од тоа семејство не се заразени Генетиката и коморбидитети се главниот фактор и игра голема улога какви последици од вирусот ќе имаме, рече д-р Миранда Пајазити од Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

Докторката апелира до сите дека лицата и со најмал симптом да се јавуваат веднаш на лекар. Деновиве, според неа, расте свеста, но таа не е доволна, затоа имаме вакви трагедии со смртни случаи.Најголем проблем е што едно лице од едно семејство ако е позитивно се групира и меша со останатите членови. Се претпоставува дека семејството се заразило на некој свадба или семејна прослава.

-Можно е да имало  групирање, не само на свадби, има и групирања на други семејни веселби, кои може да доведат до зараза, затоа ние апелираме да нема групирања. Многу често од исто семејство се заразуваат од ковид. За жал доаѓаат пациенти во крајна фаза, не одат на болничко лекување. Но, сепак, сега малку е подобрена состојбата. Мора кога еден од семејството е позитивен да се изолира, а другите да се тестираат. Треба што се позитивни треба да бидат свесни да не ги заразат другите, вели доктор Пајазити.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1