ММС

Објавено на: 09/2/21 2:21 PM

Артим Шакири нов тренер на швајцарски Шафхаузен

Поранешниот долгогодишен македонски фудбалски репрезентативец Артим Шакири е назначен за нов тренер на Шафхаузен, објави швајцарскиот второлигаш на својот официјален сајт.

Шакири (48) доаѓа на местото на поранешниот швајцарски репрезентативец Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петти клуб во неговата тренерска кариера по тетовска Шкендија, албанските Кукс и Фљамуртари и Пемброк од Малта.

– Му посакуваме топло добредојде на Артим во Шафхаузен и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом, соопшти швајцарскиот клуб.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1