ММС

Објавено на: 09/2/21 1:58 PM

Пописот ќе ја даде вистинската бројка на лицата со попреченост, затоа е важен за МТСП, истакна министерката Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги посети дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле.

– За да можеме како Министерство за труд и социјална политика, за да може локалната самоуправа како партнер, за да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки. Оттука, пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5 септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата, рече министерката Шахпаска.

Во Дневниот центар вработени се логопеди, психолози, дефектолози и социјални работници. Тие освен за деца со аутизам се грижат и за деца со даунов синдром, церебрална парализа и ментална попреченост. Покрај психосоцијалните третмани и поддршката за децата, тимот обезбедува и советодавна помош за нивните родители.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1