ММС

Објавено на: 09/2/21 11:08 AM

Флексибилност на терен со рокада на попишувачите, најави Заев за граѓаните кои нема да примаат невакцинирани попишувачи

Флексибилност на терен со рокада на попишувачите вака премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање како ќе се реши ситуацијата со граѓаните кои нема да примаат дома невакцинирани попишувачи.

„Прво ќе се трудиме со максимална флексибилност, разговарав со министерот за правда и во една прилика со директорот Апостол Симовски на ДЗС кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните. Навистина е мал процентот на вакви реакции затоа што поголем дел од попишувачите се вакцинирани, како што гледате повеќе од 50% граѓани над 40 години се исто така вакцинирани, како што и попишувачите се вакцинирани еден значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителен простор за флексибилно поставување  се со конечна цел, 100% да ги собереме сите податоци од нашите граѓани“, изјави Заев.

На новинарско прашање за доцнењето на најавените апарати за фингер принт со кои ќе се спроведуваат престојните локални избори, премиерот Заев смета дека ќе се стигне на време бидејќи има сеуште време.

„Дури и за првите терминали за тест период, кој е предвиден да има тестирање за да може да ги покриеме сите избирачки места, навремено и процесот на 17 октомври да почне навремено со подготовка на ваквите компјутерски терминали каде што ќе се гласа со отисок на прст“, рече Заев.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1