ММС

Објавено на: 09/2/21 10:50 AM

Дури 60 проценти од радовишани сметаат дека Конзулов не заслужува реизбор – Заев за вчерашните протести во Радовиш

Премиерот Заев прашан за протестите во Радовиш каде се палеа членски книшки на СДСМ во знак на протест за изборот на нов кандидат за градоначалник на Општина Радовиш за престојните локални избори, наместо кандидатура на актуелниот градоначалник Герасим Конзулов, премиерот истакна дека слободно и уставно загарантирано е изразувањето на било какво незадоволство  и протест.

„Јас исто така тоа го разбирам, слободно и уставно загарантирано е изразувањето на било какво незадоволство  и протест, вклучително и тоа што го имаме пред државните институции, а може и да се случи и пред седиштето на СДСМ. Ние водиме грижа за изразот на незадоволството и се обидуваме на сите да објасниме зошто вака сме одлучиле. Сите истражувања и анкети кои што покажаа колку е важно колку позитивна поддршка има секој од кандидатите, но исто така важно е колку има негативна поддршка. Кога ќе видите во анкетите дека повеќе од 60% од граѓаните на Радовиш велат дека не заслужува да биде реизбран кандиатот тогаш имате јасна порака и сигнал од граѓаните дека треба да настапите со ново кадровско решение кое има и те како позитивен оддек кај граѓаните“, рече Заев.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1