ММС

Објавено на: 09/2/21 10:38 AM

„Максим тргна против Максим“ рече Заев за недоразбирањата со градоначалникот на Куманово, Димитриевски

„Максим Димитриевски се одлучи за тоа, тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим“, рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

То истака дека одлуката ја донел Димитриевски, а Централниот одбор констатирал негово исклучување. Заев убеден е дека СДСМ ќе победи во Куманово, како што тоа било веќе 30 години.

„Како сите партии така и СДСМ кога ќе има спротивставено досегашен член за кој што СДСМ вложила во неговата иднина, работење, му дала шанса, направиле скалила да расте во својот личен рејтинг, во својот општествен рејтинг. Самиот статут во СДСМ водејќи се по сите демократски определби ја направил јасната динстинкција за ограничување. Кога ќе одлучите да го напуштите СДСМ тоа е впишано на неколку начини како го правите тоа, отстапувате од СДСМ и одите како независен кандидат. Максим Димитриевски се одлучи за тоа, тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим. СДСМ само од Централен одбор  го констатира тоа што Максим Димитриевски го направи односно  исклучувањето од СДСМ. Тоа е јасно определено, тоа го знае Максим тој е делегат на Конгрес на СДСМ. Статутот не е од сега туку од формирањето на партијата. Јас можам да кажам однапред јасно дефинирани правила им даваат на сите, дури и на членови со богато искуство во членството, да носат своја одлука слободно како тие мислат дека е најдобро за нив. Во Куманово ќе победи тој што 30 години по ред победувал, а тоа е СДСМ. Никој пат не било доминантно одредена личност, колектив кој се залагал повеќе или помалку, програмите и визиите на социјалдемократијата биле водечка нишка и секако ние се потрудивме да излеземе со најдоброто од нас, а тоа е Оливер Илиевски“, истакна Заев.

Статутот на СДСМ е јавно достапен и може да го видите и прочитате, рече премиерот и изменет е пред последниот конгрес  и со етички кодекс каде се даваат сите широки демократски права, слободни, но секако се презема  и одговорност.

„Во секоја демократија ги имате регулативите дадени преку политичките субјекти. СДСМ е исклучително демократска партија  која своите определби и одлуки  не ги носи на основа на ставови на поединци или на некој колектив, ги носи на своите органи, тела и статут. Статутот за нас е Устав во СДСМ и секако е израз на максимална демократска процедура. Таму е јасно пишано кога ќе тргнете против СДСМ, не можете истовремено да бидете и член на СДСМ, а можете слободно да ги кажете вашите различности, можете да дојдете во органите и телата на партијата, дискутирате, да се борите за вашите ставови и најдоброто во СДСМ е тоа што различните ставови многу често победуваат, дури и кога не се ставови на највиокото раководство на СДСМ. Максим беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор, како градоначалник секогаш го имал правото да дојде да дискутира и да ги каже своите забелешки, така што и овде ја знае јасно процедурата како се донесуваат одлуките и неговата определба да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и преурането да го напушти процесот на селекцијата на кандидатите согласно, сите истражувања кои ги направивме, ова е негова лична одлука и со таа одлука тој ја донесе и одлуката за себе исклучување од СДСМ“, рече Заев.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1