ММС

Објавено на: 09/2/21 8:49 AM

(Видео) Неверојатни сцени од Њујорк: Цел град се поплави, а некој си ужива на душек на вода

Шокантни сминки утрово пристигнаа од Њујорк. Ураганот Ида кој, иако ослабе, стигна на североистокот во САД и донесе обилни дождови, торнада и поплави.

Поплавени се и многубројните станици на метрото поради што сите линии се парализирани и градот не може да функционира.

Сцените од подземјето и од улиците многумина ги потсети на сцените од популарниот филм „Ден после утрото“ од 2004 година во кој овие сцени од поплаци беа само вовед во катастрофата која следуваше.

Додека многумина се бореа со водата која им навлезе во домовите, некои во овој хаос најдоа и забава како што беше мажот од квартот Бронкс кој се фрли на душекот и заплови по улиците.

 

Извор: 24sata/Twitter

Фото/Видео: Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1