ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/1/21 9:07 PM

Починаа 26 лица од Ковид-19, нови 906 случаи

Согласно последните податоци, од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 6006 тестирања, а регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19.

Починаа 26 лица и тоа осум лица се од Скопје, шест од Тетово, Струга три, по две лица во Гостивар и Кичево, и по едно лице во Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.

Вкупно се оздравени 343 пациенти, а од новозаразените 906 лица, најмногу има во Скопје – 423, Тетово – 68, Куманово – 60, Гостивар – 51, Струмица – 39, информираат од Министерството за здравство.

Во моментов активни се 14.785 случаи. Најмногу во Скопје – 5802, Тетово – 2004, Гостивар – 1204 и Куманово – 922.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1