ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/1/21 7:47 PM

Само 2 % од учениците побарале онлајн учење, ќе ја следат наставата во исто време со учениците во училница, вели Царовска

Околу 2 % од вкупниот број ученици бараат онлајн учење од медицински и немедицински причини. Ова не е голема бројка и ќе им се излезе во пресрет на родителите бидејќи станува збор за деца со хронични болести или за членови на семејства со хронични заболувања како и други немедицински причини, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија.

Царовска посочи дека состојбата се следи и доколку Комисијата за заштита од заразни болести оцени дека треба да се промени моделот, тоа може веднаш да се направи.

„Образовниот систем ни е подготвен со три сценарија. Според владината одлука, започнавме со физичко присуство, но имаме уште две резервни сценарија: тоа е хибридниот модел и ротација на групи на ученици на една недела онлајн и со физичко присуство. Исто така може да се одлучува за промена и на општинско ниво, доколку ситуацијата станува некаде аларманта“, рече Царовска.

Министерката за образование објасни дека учениците кои ќе следат онлајн настава е предвидено активно да учествуваат на часот, исто како и учениците во училница.

„Сите коишто лани имавме деца од 1-3 одделение а требаше некој период да бидеме во изолација, видовме што се случуваше. Учениците се вклучуваат, паралено наставникот води интерактивна настава и со учениците кои се во онлајн наставата и во училница. Ова не е ништо ново и тие се веќе испраксирани“, рече Царовска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1