ММС

Објавено на: 09/1/21 2:03 PM

Ја донесоа во тешка состојба и веднаш ја препративме во Козле, велат од Тетовската болница за 15-годишното девојче кое почина од Ковид

Од тетовската болница, немаат информации за смртта на 15 годишната жителка на тетовско Селце која почина од Ковид 19 на Инфективната клиника. Таа како што рекоа пред околу една недела дошла во тетовската болница со тешка клиничка слика и веднаш поради годините била пратена во болницата во Козле, Скопје. Немаат информации дали имала некои коморбидитети, но била со зголемена телесна тежина и затоа поради критичната состојва веднаш било испратено во клиниката во Козле од каде што ја префрлиле на Инфективната клиника.

Добра вест во Тетово е што се зголемува свеста кај народот, рано се јавуваат на лекар, а голем дел од амбулантските прегледи се должат токму на тоа

Состојбата се вирусот во тетовско е речиси иста, нема големо подобрување ниту пак влошување. Бројот на хоспитализирани се движи околу 120, а бројот на починати и понатаму голема, за изминативе 24 часа 6 смртни случаи

Добра вест е што се зголемува свеста кај народот, рано се јавуваат на лекар, а голем дел од амбулантските прегледи се должат токму на тоа, луѓето покажуваат поголема дисциплина и сакаат да се испитаат, ако кај нив се покаже некој симптом.

Зоран Димовски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1