ММС

Објавено на: 09/1/21 12:22 PM

Политичарите не треба да ги штипкаат децата бегалци од Авганистан, реагираат од Меѓаши

Од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со реакција во јавноста дека политичките партии и фигури децата ги користат на најразличен начин за добивање на политички поени. Тие велат дека секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања. „Меѓаши“ бараат поитно повлекување на видеата и фотографиите кои јавно ги посочија да бидат повлечени.
„Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања и повлекува соодветна одговорност и бара јасен одговор кон што или кому тоа фотографирање придонесува. Дури и во случаи кога се работи за директна заштита или помош на деца, фокусот постојaно треба да биде на она што е потребно да се направи за децата, како и на причините зошто тие деца се наоѓаат во таква тешка ситуација, а не на самите политичари или институции кои помагаат, а тоа впрочем им е и должност. Да не збориме колку е важно да се заштити идентитетот на децата!“, стои во Фејсбук објвата на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Злоупотреба на деца поради политичко дејствување!
Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно…

Posted by First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia on Wednesday, September 1, 2021

Додаваат дека најчесто се работи за обиди преку фотографии со деца да се прави сопстевна политичка промоција или промоција на сопствената политичка партија.

„Затоа, политичарите не треба да ги штипкаат децата, да се сликаат со нив и да им делат подароци пред камерите или да сечат ленти со децата, туку треба сериозно да работат на проблемите кои ги засегаат децата, да го изнесуваат своето мислење и гласно да поставуваат прашања што ја засегаат оваа ранлива група“, стои во објавата на Фејсбук.

Тие велат дека во континуитет политичарите се сликаа со деца или политичките партии подготвуваа видеа во кои децата се главни ликови, а најскорешен настан беше пречекот на децата од Авганистан. Од „Меѓаши“ велат дека наместо да се фотографира со нив подобро би било да каже каква грижа е обезбедена за децата.

„На пр. министерот Бујар Османи Bujar Osmani Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia наместо да се слика со децата, да ги штипка и да им дели подароци, ќе ценевме доколку и соопштеше на јавноста каква грижа е обезбедена за децата, а не под превезот на солидарност кон децата бегалци од Авганистан да ги инструментализира најмладите за политички маркетинг на чекор пред изборите“, стои во објавата на „Меѓаши“.
Потсетуваат дека со Законот за заштита на децата член 12 став (4) се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување. Од „Меѓаши“ бараат посочените видеа и фотографии под итно да се повлечат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1