ММС

Објавено на: 09/1/21 10:48 AM

Северна Македонија е подготвена за почне преговори за членство во ЕУ, изјави данскиот министер Јапе Кофид

Сметаме дека Северна Македонија е подготвена да почне преговори за членство, истакана министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јапе Кофид на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на новинарското прашање и констатација дека Данска минатиот декември ја демантираше Бугарија дека за време на затворените состаноци во Брисел и давала поддршка, како сега гледа на бугарските аргументи за вето на македонските преговори и кои се реалните шанси за датум за преговори во октомври.

„Зборувавме секако и за ова прашање и ние цврсто засатнуваме зад Северна Макеоднија, ги поддржуваме реформите што ги презема во изминатите години но и претходно, сметаме дека Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе дадат резултат, но ние сме фокусирани врз европската интеграција и многу е важно да се сфати дека реформите и работата во правец на европска интеграција треба да продолжат, сметаме дека треба да почнат преговорите за членство на Северна Македонија за нас е многу јасно дека сте подготвени за членство. Се надевам дека подоцна оваа година или што е можно ќе се донесе одлука и се надевам дека сите 27 земји – членки на Европската унија, вклучително и Бугарија ќе застанат зад таквата одлука“, изјави данскиот министер Кофид.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека по природа тој е опстимист, иако контекстот и ситуација се доста комплексни по однос на одлуката Македонија да добие датум за преговори со оглед на моменталната политичка состојба во Бугарија.

„Прво поради фактот што во Република Бугарија се оди на трет изборен циклус, и од искуство од претходните месеци ќе биде не така лесно да се стигне до решение. Ние ќе продолжиме да работиме и со Република Бугарија и со нашите европски партнери, присуството на министерот овде, неговите силни зборови на поддршка, неговата констатација дека земјата заслужува почеток на преговори и треба да ги почне преговорите е навистина силна порака која што одекнува насекаде низ Европската Унија и Репубика Бугарија, бидејќи не е прашање на тоа дали Северна Македонија ќе ја одржи првата конференција оваа година туку која е перспективата на регионот по однос на Унијата и кој е кредибилитетот на целиот овој  процес“, рече Османи на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јапе Кофид.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1