ММС

Објавено на: 09/1/21 10:03 AM

Вакцините наменети за нас, подарете ги на друг – Северна Кореја ја одби помошта од Ковакс

Властите на Северна Кореја предложија до програмата на ОН за дистрибуција на вакцината против коронавирус – Ковакс да донира речиси три милиони дози кинески вакцини за оние земји со сериозна епидемија, и додаде дека може да се пофали со совршена борба против тој вирус.

Програмата на ОН за деца (УНИЦЕФ), која набавува вакцини во име на Ковакс, објави дека Министерството за здравство на Северна Кореја објавило дека 2,97 милиони дози од Синовак вакцината, наменети за таа земја, треба да бидат доставени на некој друг.

Министерството додаде дека ќе продолжи со контактите со Ковакс во следните неколку месеци.  Ковакс, исто така, одреди 1,9 милиони дози на вакцина АстраЗенека, но испораката доцни.

Експертите сметаат дека Северна Кореја и понатаму е насочена на строги карантини и гранични контроли со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а се чини дека вакцините се втор приоритет во таа земја.

Севернокорејските власти соопштија дека немаат ниту еден случај на инфекција со коронавирус, а во еден извештај се наведува дека 37,291 лице се тестирани во таа земја од 19 август, и дека ниту еден од нив не бил позитивен за вирусот.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1