ММС

Објавено на: 09/1/21 9:58 AM

Велешанец удрил во пешаци, избегал, па се пријавил во полиција

Синоќа околу 22 часот во близина на ресторанот „Меаната на Даце“ се случила полесна сообраќајна несреќа во која дете заедно со двајца возрасни било удрено од автомобил.

Возачот по инцидентот го напуштил местото на несреќата и избегал, но веднаш потоа пристигнал во полициската станица да се пријави извинувајќи се за случајот.

Детето поминало без никакви повреди, а родителите со полесни телесни повреди константирани во болницата во Велес. Сите се пуштени на домашно лекување, а МВР ќе поднесе соодветна пријава против возачот.

„Синоќа околу 21.30 часот на ул.„Тодор Јанев“ во Велес, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.К.(44) од Велес, удрило во пешаците З.К.(37), Б.К.(42) и двегодишно дете, по што го напуштил местото. Во незгодата З.К. и Б.К. се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. По кратко време возачот О.К.(44) со возилото сам се пријавил во полициска станица. Бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјави за ММС Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

О.К.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1