ММС

Објавено на: 09/1/21 9:17 AM

(Галерија) Се огласи училишното ѕвонче – Како изгледаше првиот училишен ден

По повеќе од една година учениците се вратија во училиште. Заѕвони ѕвончето и ги повика на првиот час и првачињата и учениците од останатите одделенија.

ММС утрово го посети ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, за да види како ќе функционираат заштитните мерки против  ковид-19 и она што го забележавме е дека на децата им се мери температура, секаде се распоредени дезинфекциски средства и засега се почитуваат протоколите.

Она што е важно за децата е сообраќајната култура, па токму поради тоа одговорните од Републикиот совет за безбедност во сообраќајот пред училиштето на дечињата им делеа флаери, боенки и други средства кои ќе ги натераат да ги научатправилата во сообраќајот, за нивна безбедност.

Пигелднете во галеријата на ММС како изгледаше овој необиен ден..

Фото: Вангел Тануровски

Децата се објавени со дозвола од родителите


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1