ММС

Објавено на: 08/31/21 9:58 PM

Блинкен: САД го пренесоа дипломатското присуство од Кабул во Доха

Соединетите Американски Држави (САД) го пренесоа своето дипломатско присуство од авганистанската престолнина Кабул во Доха, Катар, соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со оглед на тоа што САД претходно денеска го објавија завршувањето на повлекувањето на сите свои сили од Авганистан, завршувајќи ја 20-годишната војна, Блинкен на прес-конференција во Вашингтон рече дека започнало ново поглавје од американскиот ангажман со Авганистан.

„Тоа е она во кое ќе водиме со нашата дипломатија“, нагласи тој, и додаде: „Воената мисија заврши. Започна нова дипломатска мисија.“

„Од денес, го прекинуваме нашето дипломатско присуство во Кабул и ги префрливме нашите операции во Доха, Катар, што наскоро ќе биде официјално нотифицирано до Конгресот“, рече тој.

„Со оглед на несигурната безбедносна средина, политичката ситуација во Авганистан, тоа е чекор на претпазливост“, додаде Блинкен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1