ММС

Објавено на: 08/31/21 3:00 PM

Мајката и синчето се добри, сместени се во апартман, рече д-р Марјан Стојовски, кој ја породи Авганистанката

Утрово на државната Клиниката за гинекологија се породи жената од Авганистан, која доцна синоќа пристигна на скопскиот аеродром, заедно со уште 197 бегалци. Таа уште веднаш по слетувањето со возило на брза помош беше пренесена на клиниките, бидејќи беше во 39 гестациска недела и утрово роди здраво машко бебе.

Проф. д-р Марјан Стојовски, кој ја породи Авганистанката за ММС изјави дека таа и бебето се чувствуваат добро и дека мајката била пресреќна, дека се се завршило како добро.

-Вчера била примена со некои почетни контракции, но утрово  пациентката се породи. Роди здраво машко дете, кое тежи 3.200 килограми. И мајката и бебето се чусвтвуваат добро, и таа и бебето се ковид негативни. Ова е нејзино второ дете. Мајката се заблагодари многу на целиот  тим бидејќи направивме напори сето тоа да трае многу кратко. Многу е среќна што на свет донела живо и здраво бебе. Навистина е пресреќна, бидејќи целиот тим и пружи максимални услови, прво од хуман аспект, потоа и од  стручен аспект.  Ја хоспитализиравме во апартман, за да се покажеме како држава дека сме исклучитечно совесни и им пружаме максимална помош во целата несреќа што ја имаат тие. Навистина жената е пресреќна, гледајки ги снимките можеби најпрво затоа што воопшто се качила на авион, а сега и дека ќе добие одлични услови и за ден два ќе биде отпуштена. Нема никаков посебев третман, како и за сите други, само малку подобар поради хуманиот аспек кон жена која имала несреќа во својата татковина , рече д-р Марјан Стојовски за ММС.

На прашањето колку чини еден болнички ден во овој апартман д-р Стојовски не знаеше да ни каже.

-Не знам, со пари не знам што како е. Тоа е договорено на ниво на Влада, не знам, а и не ме интересира, ни рече тој.

Доцна синоќа по пристигнување на авионот, на средбата со новинарите директорката на Брза Помош, Милица Бубало, кажа дека со авионот пристигнале четири трудници, но дека само едната, која се породи утрово е пренесена во болница. Оттаму и Стојовски рече дека на ГАК е само една и дека други немаат побарано помош.

-Трудница може да биде и девет месеци, но може да биде и три или седум. Жената која се породи утрово беше влезена во девети. Системот функционира и доколку е потребно лекарска помош или контроли ќе добијат и другите жени кои се бремени, рече тој за ММС.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1