ММС

Објавено на: 08/31/21 1:26 PM

Од утре поголем број на автобуси на ЈСП во сообраќај

ЈСП Скопје информира дека од утре, среда, поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси.

Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.

Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

И натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, информираат од ЈСП.

ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1