ММС

Објавено на: 08/31/21 1:08 PM

Полека го зазема местото на мајка си: Ќерката на Моника Белучи ги засени сите во Венеција

Еден од најгламурозните модни настани во годината, ревијата на брендот „Долче и Габана“ се одржа викендов во Венеција, а покрај славните личности, овој пат на пистата прошетаа и нови надежи.

Иако е познато дека Моника Белучи со години е муза на италијанското модно дуо, дојде време да ја предаде диригентската палка на нејзината 16-годишна ќерка Девa.

Дева Касел беше главната ѕвезда на шоуто. Таа го одзема здивот во бајковит светло розева тоалета од тул со зашиени тридимензионални цветови и панделки направени од кадифе, сатен и шифон.

Очигледно е дека Дева тргна по стапките на нејзината мајка и полека, но сигурно го зазема своето место во водите на манекенството, а веќе сними неколку кампањи за оваа модна куќа.

Белучи ја доби Дева во бракот со францускиот актер Винсент Касел, а ја имаат и ќерката Леона (12). Двојката стави крај на нивната љубовта во 2013 година, а поранешните сопружници дадоа се од себе за да ја заштитат приватноста на своите деца.

Сепак, 16-годишната Дева не личи премногу на нејзината мајка или татко, па веруваме дека таа го наследи најдоброто од двајцата, иако наликува на Моника Белучи од помладите денови.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1