ММС

Објавено на: 08/31/21 10:59 AM

Коалицијата на ВМРО и Алијанса, Груби ја нарече „Коалицијата 27“ – Тоа е романса на моноетнички проекти

„Коалицијата популарно на социјалните мрежи ја нарекоа „Коалиција 27“ затоа што беше постигната на 27 ми овој месец,  и наликува на еден друг 27 ми неславен во историјата помеѓу двете политички партии“, одговори денеска вицепремеирот Артан Груби на новинарско прашање да ја прокоментира коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса на Албанците за престојните локални избори.

Груби им посака многу успех, и истакна дека гласачите на Алијанса ќе гласаат за Никола Груевски односно Христијан Мицкоски.

„Се надевам дека гласачите на Алијанса со цел тој ентузијазам ќе гласаат за Никола Груевски, односно за Христијан Мицкоски и исто така гласачите на ВМРО ДПМНЕ  ќе гласаат со цел ентузијазам и цело среце за Зијадин Села во сите тие општини каде што тие ќе се натпреваруваат. Очекувам да го објават тој договор и да ги видам реакциите на нивните гласачи. Ако ги гледаме првите реакции на нивните подржувачи на социјалните мрежи не се многу ентузијасти и среќни поради постигнувањето на „Коалицијата 27““, вели Груби.

За поддршката од страна на Алијанса на Албанците за независниот кандидат за градоначалник на Град СКопје, Данела Арсовска која доби поддршка и од ВМРО ДПМНЕ, Груби вели дека ова е продолжение на романса на моноетнички проекти.

„Жалам што албанската опозиција продолжува со приказната за едно Скопје на левата, за друго Скопје на десната страна, и за едно Скопје за едните и за друго Скопје за другите поддржувајќи кандидат на ВМРО ДПМНЕ преку евтин трик на независна кандидатура, а не поддржува приказна за Скопје цело за сите, да нема лева и десна страна на Вардар да се развива како едно Скопје, туку се постројува позади Скопје 2014, впрочем и денешната албанска опозиција беше автор на денешната Скопје 2014 во 2007 година во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, така што ова е продолжение на цела таа романса на моноетнички проекти“, вели Груби.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1