ММС

Објавено на: 08/31/21 10:31 AM

Владата не размислува за помош на угостителите, рече Битиќи

Угостителите и туристичко – хотелиерскиот сектор  се жалат дека имаат огромен пат на работата дури до 70%, на ова од Владата велат дека засега здравјето на граѓаните е пред се, а за нови мерки односно седми пакет економски мерки за помош на овој сектор не се размислува.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната заедничка прес конференција со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и видепремиерот Артан Груби.

„Здравјето на граѓаните пред се, ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители  и здравјето на граѓаните и борбата за зачувување на здравјето на граѓаните, ќе одбереме здравјето на граѓаните. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, во секој еден сектор ќе се надохнади кога тоа навистина ќе е потребно за тоа ќе седнеме и ќе разговараме, секако сметам дека во овој момент навистина сите треба да сме спремни нешто да поставиме, наспроти борбата што не чека сите, а тоа е енормното зголемување на бројот на заразени од корона вирусот и борбата за живот секојдневно што ни е многу поважено од се друго. Сметам дека разговори ќе имаме, но јас и во неколку прилики сум кажал дека угостителскиот како и туристичко хотелскиот сектор навистина е погоден не само во Македонија насекаде низ светот, но треба да видиме колку тие навистина придонесуваат и колку добиле. Во изминатите пакети овој сектор е потпомогнат со повеќе од  14% од вкупната помош која што е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ кој што е навистина многу помал“, рече Битиќи.

Тој истакна дека не се размислува во овој момент за седми пакет економски мерки , јас секојдневно правам разговори со стопанските комори и тоа не е нужно, затоа што не знаеме колку ова затворање или лимитирање на движење на граѓаните ќе трае, но ако е потребно ќе направиме одредена мерка, рече Битиќи.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1