ММС

Објавено на: 08/31/21 7:35 AM

Започнуваат уписите на факултетите на Скопскиот универзитет

За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

За оние кои се рангираа според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења, пријавувањето беше на 26 и 27 август.

Вкупно 10 678 места се слободни во прва година додипломски студии на факултетите на Скопскиот уиверзитетот во учебната 2021/2022 година.

Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.

Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура и за критериумите и потребните документи за упис.

Вториот рок за пријавување на кандидатите за запишување на УКИМ е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1