ММС

Објавено на: 08/31/21 12:12 AM

Собрани 1250 потписи за Максим Димитриевски кој најавува: Граѓаните ќе победат

-Вечерва ги затворивме листите за кандидати за градоначалник и советничката листа “За наше Куманово” со голема граѓанска поддршка од над 1250 потписи”, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Градоначалникот се заблагодари на своите сограѓани за масовната поддршка.

-Сакам да се заблагодарам на сите Кумановчани кои ни дадоа доверба да бидеме нивни кандидати на Локалните избори 2021 година. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме на развојот на градот и иднината на нашите сограѓани како досега со уште поголеми амбиции и енергија, посветено, чесно, отчетно и одговорно”,  додаде Димитриевски.

Според него, граѓаните на Куманово се тие кои дадоа поддршка на еден ваков концепт и токму тие ќе победат на овие избори.

-На следните избори граѓаните на Куманово ќе победат”, потенцира Димитриевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1