ММС

Објавено на: 08/30/21 10:41 PM

(видео) Пристигна првата група од Авганистан

На скопскиот аеродром со авион на Кам еир слета првата група на бегалци од Авганистан. По тестирањето за Ковид 19 се очекува да бидат распределени во хотелите во околината на Скопје.

Маж, жена и дете беа итно префрлени од авионот во здравствена институција. Како што дознаваме. се работи за трудница во 39-тата недела од бременоста. Повеќе детали се очекуваат на прес конференцијата што следи. Се очекува да се обратат министерот за надворешни работи, Бујар Османи и раководителката на Итната помош во Скопје, Милица Бубало.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1