ММС

Објавено на: 08/30/21 9:14 PM

ЕУ и официјално ја отстрани Македонија од листата на безбедни земји

Земјите членки на Европската Унија денес и официјално ја отстранија Македонија од листата на безбедни земји, поради комплицираната ситуација со пандемијата на коронавирусот. Патниците сега ќе подлежат на построги и постриктни гранични контроли, карантин и тестови за коронавируст.

Покрај нашата држава, на „црвената листа“ на ЕУ се најдоа и Либан, Косово, Израел, Црна Гора и САД. На зелената европска листа сега се наоѓаат 17 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Канада и Нов Зеланд.

Европската Унија сè уште им дозволува на поголем дел од вакцинираните патници да ги поминат нивните граници, иако периодично може да се воведат ПЦР тестови и карантин, во зависност од тоа во која земја-членка се патува.

Новите мерки се реакција на зголемениот број на Ковид-19 случаи во овие земји, а листата е базирана врз епидемиолошката ситуација во секоја држава.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1