ММС

Објавено на: 08/30/21 5:22 PM

Поради самозадоволување пред жени кривична пријава за жител на Македонска Каменица

Поради самозадоволување пред жени  ОВР Делчево поднесе кривична пријава за жител на Македонска Каменица. Како што е наведено во полициското соопштение, Е.И.(31) од Македонска Каменица со пријавата се здобил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг”.

-Гореспоменатото лице се товари поради тоа што вршел полово дејствие на јавно место, додека покрај него поминувале две жени, стои во полициското соопштение од ОВР Делчево.

Од полицијата додадоа дека пријавата за осомничениот е поднесена на 14.08.2021.

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1