ММС

Објавено на: 08/30/21 3:39 PM

Критично е во Општина Маврово и Ростуше каде 15 oтсто од населението е заразено со Ковид-19

Пикот на вирусот деновиве го достигнуваат соседните и околните општини од полошкиот регион, каде изминативе неколку недели состојбата со заразата беше драматична. Критично е во Општина Маврово Ростуше каде 15 отсто од населението е заразено, а се брои и бројот на починати и хоспитализирани.

Поради влошување на состојбата од Кризниот штаб на Општина Маврово – Ростуште бараат одложување на наставата со физичко присуство во основните училишта е средното училиште во рамки на општината.

Одложување е како превентива со цел да се намали трансмисијата на болеста, која ќе се рашири во училиштата ако бидеме таму присутни, а тоа ни го говори и претходното искуство, велат од Кризниот штаб.

A во полошко состојбата по малку како што велат здравствените работници се стабилизира. Во гостиварската болница, ако пред неколку дена беше преполна, сега има 15 слободни кревети.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1