ММС

Објавено на: 08/30/21 1:42 PM

Возач на автомобил нападнал 80-годишен моторциклист во Велес

Возач на 42-годишна возраст нападнал 80-годишно лице кое управувало моторцикл откако претходно направиле сообраќајна несреќа.

Инцидентот се случил во близина на семафорите кај бензинската пумпа на Макпетрол. По сообраќајната несреќа возачот излегол од автомобилот и тргнал физички да се пресмета со старецот.

„На 29.08.2021 во Полициската станица Велес, Т.Ј.(80) од Велес пријавил дека околу 08.45 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Ѓ.Ч.(42)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1