ММС

Објавено на: 08/30/21 1:32 PM

Велоспед, нозе и чадор се вистинскиот избор – Камиказа најави дека цела администрација во Град Скопје ќе вози велосипеди

Независниот кандидат, поддржан од Левица, Петар Георгиевски Камиказа денес ја одржа првата средба со новинарите, со што ја официјализира својата кандидатура. Петар, заедно со Димитар Апасиев одговараа на  прашања поврзани со градските проблеми. Според нив, по сите анкети тој го победува Шилегов во урбаните средини и она што му недостасува се младите гласови кои Левица ги поседува. Левица ќе учествува со максимум десетина градоначалници и околу 40тина листи за советнци.

Камиказа рече дека засега ќе обзнани само дел од програмата, наменета за спорт и култура и дека дел по дел ќе објавува, за да не го копираат.

-Ништо нема да ветам што нема да исполнам. За Кејот на Вардар ќе има трета лента од пет километри, а тоалети ќе има на секои 2.5 километри. Јас со своите 61 година стојам и тврдам морално, материјално и кривично дека Универзална сала ќе ни биде еден од приоритетите. Сите заедно сакаме овој град да си ги добие вредностите.  Имам уште многу што да кажам, но сега ќе се задржам само на кутурата и спортот, а понатгаму ќе се задржиме на многу поглавни проекти. Кога ќе дојдеме во Град Скопје и ќе видиме со колку буџет располагаме, тогаш до детал ќе кажеме што ќе правиме. Имам информации дека буџетот веќе е потрошен за оваа година. Како, на пример да ветиме шинобус ако нема пари?! Не сакаме да ветиме нешто што нема да можеме да го исполниме. Колку што знам 75.000 е на располагање е буџетот а дали ќе има пет или три милион, ќе знам во ноември кога ќе има предавање на фунцијата, рече Горгиевски, на што Апасиев се надоврза:

-Програмата викендов ја финиширавме на ниво на цела држава, а при крај е и програмата за Скопје. Не смееме пред кампања да изнесуваме детали, лошо ни е искуството, често ни ги препишуваат проектите. Во однос на анкетите за мое чудење сега за сега се оптимистички и Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа ќе видиме што ќе правиме, рече Апасиев, кој на прашањето од кои албански политички партии ќе побара поддршка додеде:

-Математиките не се така. Нашиот став е да не влегуваме во коалиции со никого пред избори, а после избори може да се преговара. Меѓутоа тоа е за мнозинство во Советот, каде нашите анкети велат дека советници од Левица  ќе има околу 10тина, што значи дека ќе биде респектабилна бројка. Априори ние не преговараме со никого, ниту со СДСМ, ниту со ВМРО, ниту со ДУИ или Алијанса, тие веќе си направија коалиции. Ние пред избори формално не коалицираме со никого, рече Апасиев.

Камиказа рече дека не бил дел од Шарената револуција, ниту еден ден, а 11 години имал сериозни проблеми.

-Јас сум Македонцец по убедување и никогаш за ништо не сум се пазарел. Загадувањето би го решил со користење на повеќе велосипеди, намалување на даноците на велосипедите, за да бидат подостапни за граѓаните. Целата администрација во Град Скопје ќе вози велосипед, а ако не тоа електрични автомобили. Јас сум човек кој со години се занимава со спорт и вози велосипед . Јас и во најлошите временски услови како во Холандија го возам. Велоспедот, нозете и чадорот се вистинскиот избор за самите нас како граѓани, па потоа да бараме други места каде има проблеми, а се безброј. Нема да постојат еден куп работи кои не трујат, рече тој.

На новинарско прашање како ќе бара гласови кај Албанци,  а со подршка на Апасиев, кој досега јасно кажал дека не ги поддржува Георгиевски рече:

-На гласачкото ливче не пишува кој е Албанец, кој е Турчин. Сите граѓани имаат право да ги заокружат оние за кои сметаат дека треба да гласаат. Можеби во некој дел од градот и да немаме толку голема поддршка, не е ништо страшно тоа. Како што други немаат поддршка во другиот дел од градот. Иако јас лично цел живот сум се борел против тоа. Во моите топ 10 најдобри пријатели четворица зсе Албанци и не можете за ништо слично да ме обвините. Можам да ви ги кажам и по име и презиме. Така да ве молам националната основа не е момент, рече Горгиевски а на новинарско прашање колку се согласува со политиките на Левица, бидејќи доколку освои 400.000  гласови тие ќе заминат на конто на партијата тој додаде:

– Чул те Господ да освоиме 400.000 гласови во Град Скопје. Тоа значи дека воопшто нема потреба од избори. Ќе бидеме многу подемократи од тоа што го мислите, рече тој на крајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1