ММС

Објавено на: 08/30/21 12:39 PM

Починаа две лица во тетовската болница, речиси сите хоспитализирани се невакцинирани

Изминатите 24 часа во тетовската болница две лица на 56 и 86 години починале од КОВИД, а сите болни кои се хоспитализирани се на кислородна поддршка.

-Имаме вкупно 116 хоспитализирани луѓе и сите на се кислородна поддршка. Речиси сите се невакцинирани, односно само шестмина примиле само по една доза. Јас би ги замолила сите да се вакцинираат, ова е единствен начин да се заштитиме од оваа пандемија. Сите овие изминаите денови имаме смртни случаи, информира Миранда Пајазити од КОВИД-центарот.

Во последните 24 часа имало 99 прегледи и контроли во амбулантата на КОВИД-центарот во Тетово.  Во саботата и во неделата во седум часот наутро при 24-часовниот пресек на состојбите, евидентирани се по пет починати или 12 вкупно за овој викенд.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1