ММС

Објавено на: 08/30/21 11:46 AM

Настава со физичко присуство во сите средни училишта, освен во Тетово и Гостивар, рече Царовска

Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе има средба со директорите на средните училишта, но на неа ќе се разговара само за почетокот на училишната година, а не за промена на моделот на учење.

Ова го потврди Царовска при посетата на основното училиште „Никола Карев“ во Пробиштип.

– Нема да дискутираме за промена на моделот на учење во средните училишта туку за почетокот на училишната година. Промена на моделот ќе има само кај средните училишта во Тетово и Гостивар, но само затоа што локалниот кризен штаб од Тетово побара двонеделна онлајн настава поради преоптовареност на болницата. Останатите училишта ќе почнат настава со физичко присуство – рече Царовска.

Таа додека дека во Пробиштип е висок процентот на вакцинација на наставниот кадар, над 90% и тоа укажува дека безбедноста во училиштата е на високо ниво.

– Само наставата со физичко присуство може да го постигне максималниот потенцијал кај учениците. Доколку пандемијата заземе поинаков тек и доколку Комисијата препорача други мерки, тогаш сме подготвени да ги префрлиме наставниците и учениците во хибриден режим или целосно онлајн.

Среќни сме што Владата донесе одлука за настава со физичко присуство и јас се надевам дека што подолго ќе останеме во училниците – истакна министерката.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1