ММС

Објавено на: 08/30/21 11:37 AM

Девет лица возеле пијани низ тетовските улици

Иминатиот викенд (28/29 август) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

При контролата било констатирано дека 9 возачи(ТЕ-5 и ГВ-4) управувале возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај.

На прекршителите им биле соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и со одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1