ММС

Објавено на: 08/30/21 11:10 AM

Автомобил излета од патот Прилеп-Демир Хисар – Тешко повредени две лица

Вчера во 21.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај с.Кадино Село на мостот од Прилепска река, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(43), констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1