ММС

Објавено на: 08/30/21 10:13 AM

Фингер принт апаратите функционираат на офлајн принцип полнети со база на податоци за избирачкото место, информираат од ДИК

„Овие денови се очекува да пристигнат фингер принт апаратите, за нивната примена и функционалноста ќе се спроведе обука на обучувачите на Државната изборна комисија, а потоа таа обука ќе биде дисперзирана кај избирачките одбори“, вели Адмир Шабани, раководител на сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка во Државаната изборна комисија.

Тој истакна дека треба да пристигнат околу 200 апарти, а исто така ќе бидат изработени и прирачници за нивно користење.

„Фингер принт апаратите не функционираат на принцип онлајн, туку се офлајн апарати полнети со базата на податоци за конкретното избирачко место“, изјави Шабани за Канал 77.

Во однос на тоа да не ни се случи повторно истото сценарио од минатата година како на предвремените парламентарни избори при што беше цел на хакерски напад веб страницата на Државната изборна комисија, тој вели дека за овие локални избори ДИК има изготвено акциски план и стратегија за ИТ заштита.

„ДИК уште на почетокот на годината во февруари месец зазема конкретни чекои со што усвои ИТ стратегија за да се елиминираат овие ситуации. изработи конкретен акциски план со активности за ИТ заштита. Поради спроведување на овие два документи стратегијата и акцискиот план се формираше работна група дел составена од информатичари, ИТ инженери, но секако вклучени се и лица од МВР од одделот за сајбер криминал, кои ќе се грижат да се спроведат соодветно процедурите за целосно функционирање на ИТ системот“, изјави Адмир Шабани, раководител на сектор за континуирани обуки, односи со јавност и меѓународна соработка од Државната изборна комисија.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1