Опаснo е да им се каже на луѓето да не веруваат во вакцините - Стинг со порака до антиваксерите
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/30/21 9:52 AM

Опаснo е да им се каже на луѓето да не веруваат во вакцините – Стинг со порака до антиваксерите

Познатиот британски музичар Гордон Метју Томас Самнер, попознат како Стинг (69), не се сомнева во ефикасноста на вакцините и вели дека е многу опасно да им се каже на луѓето да не веруваат во вакцини.

“Секој има право на свое мислење. Сепак, мислам дека е опасно да им се каже на луѓето: Не верувајте во вакцини. Мислам, од каде доаѓа? Не сум сигурен дека науката го поддржува тоа”, рече Стинг за „Лос Анџелес Тајмс“.

Тој рекол дека е вакциниран и дека немал трошка дилема.

“Јас сум доволно возрасен за да се сеќавам на детска парализа, односно деца од мојата улица кои беа осакатени од болеста, а која подоцна брзо беше истребена со вакцина. Така да, јас воопшто нема да се мешам со луѓето кои се сомневаат во ефикасноста на вакцините”, додал Стинг.

Британецот се уште не може да каже како ќе се движи музичката сцена.

“Во моментов треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Секој треба да се чувствува безбеден – публиката, изведувачите, луѓето што работат во организацијата на концертот … Се надевам дека вакцините ќе ја завршат својата работа до моментот додека не започне музичкото шоу. Јас сум голем поборник за вакцини“, рекол Стинг.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7