ММС

Објавено на: 08/30/21 8:19 AM

Се врати детето дома – После две години и го вратија синот на Северина

Пејачката Сверина Вучковиќ одржа настап во Црна Гора, а на самиот концерт на публиката и откри дека и се вратил синот.

Пејачката најавила дека песната „Родено моје“ ќе ја отпее весело, а тогаш ја споделила радосната вест.

-Не можам да ви кажам за што се работи, но се врати детето дома. Ви благодарам на поддршката на сите. Со радост пееме, рекла Северина.

Целата балканска јавност се изненади кога Северина пред две години го изгуби старателството над синот.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1