ММС

Објавено на: 08/30/21 7:38 AM

Посвежо и ветровито – Од среда подгответе чадори

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени.

Од денеска ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува в среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо, соопштуваат од УХМР.

Минимална температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 24 до 34 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1