ММС

Објавено на: 08/30/21 7:25 AM

Штип е полно, има место само за уште два пациенти, вели Дијана Гајдарџиска – Шишкова, началничка на ковид центарот

Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.

Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА изјави дека имаат 45 пациенти во модуларната болница. Пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница. На оваа одделение имаат десет пациенти. Според началниката на одделението, брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена, и се совпаѓа со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион.

 

-Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба. Триесет и тројца или околу 75 отсто од вкупниот број на  пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка, истакна Гајдарџиска-Шишкова.

Поради забрзаното полнење со пациенти во штипската модуларна болница, активирана е и модуларната болница во Кочани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1