ММС

Објавено на: 08/29/21 9:15 PM

(Видео) Ерик Клептон објави песна против ковид мерките

Ерик Клептон ја објави својата нова песна „This has Gotta Stop“ (Ова мора да престане) во која се чини дека виртуозот на гитара ги изразува своите фрустрации кон одговорот на власта на пандемијата со коронавирусот.

Славниот рокер изминативе месеци јавно се противеше на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, а потоа истото го стори и за вакцинирањето. Минатата годна со Ван Морисон ја сними песната „Исправи се и испорачај“, една од многу песни кои познатиот северноирски кантавтор ја напиша против локдаунот.

Новата песна на Ерик Клептон е пропратена со анимиран спот кој за два дена е прегледан повеќе од 650.000 пати, а кој прикажува луѓе хипнотизирани од медиумите и луѓе на протести со натписи како „Слобода“.

„Ова мора да престане. Не можам веќе да ги поднесам овие глупости. Ја надминаа границата“, пее 76-годишниот музичар во новата песна.

Извор: B92.net

Фото: wikipedia.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1