ММС

Објавено на: 08/29/21 6:50 PM

(Видео) Страшен пожар во Милано, огнот проголта зграда од 15 ката, евакуирани 70 семејства

Високата кула во јужното предградие на Милано целосно изгоре во страшен пожар денеска, а зградата од 15 ката е целосно уништена, јавија италијанските медиуми.

Првата дојава за пожарот пожарникарите ја примиле во 17:36 часот, а зградата брзо почна да гори. Огромниот облак од чад се гледа и од оддалеченост од неколку километри, а на снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека зградата изгоре во целост.

„Кога стигнавме видовме пламен како избива од еден прозорец и стигнавме на време да ги евакуираме луѓето“, рекоа припадниците на Итната помош.

Се уште не се знае дали некој останал во зградата во која живееја најмалку 70 семејства и која за кратко ја проголта пожарот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1