ММС

Објавено на: 08/29/21 3:39 PM

Поради “афера“ со шимпанзо и забраниле да доаѓа во зоолошката градина – Белгијка потресена што и ја одземаат љубовта

Последните денови насловните страници на белгиските весници ги зазеде необичната приказна за врската на една жена и шимпанзо од зоолошка градина.

На Ади Тимерменс и било забрането да посетува една белгиска зоолошка градина поради нејзината „љубов“ кон шимпанзо.

Медиумите пренесуваат дека мајмунот Чита и Ади преку стаклената ограда која ги дели животните од посетителите се „љубеле“ и „галеле“, па затоа после неколкугодишните посети кај своето шимпанзо, на Ади и било кажано да престане да доаѓаа во градината и дека е подобро да се концентрира на својот вид, човечкиот.

Забраната ја потресе жената која во интервју рече дека проблем на зоолошката градина била нејзината „афера“ со шимпанзото.

– Јас го сакам тоа животно, а и таа мене, не знам зошто тоа сакаат да ми го одземат – изјави Ади.

Зоолошката градина се обидува да го прекине нивното пријателство кое трае четири години за да го натера шимпанзото да се дружи со другите животни од својот вид.

– Тие ја оставаат на страна, но шимпанзата се социјални животни, не се навикнати да бидат сами. Чита би била посреќна ако повеќе време минува со нив, а не со луѓето. Ако шимпанзата се постојано зафатени со посетители, тогаш кога ќе бидат сами не знаат што да прават со себе. Кога е само, шимпанзото седи само и тоа не е добро за неговата состојба – изјави Сара Лафо, вработена во зоолошката градина.

Чита пораснала како домашен миленик, но е предадена во градината кога нејзините сопственици не можеле повеќе да ја гледаат, а шимпанзото станало преголемо.

 

И, додека зоолошката се грижи за социјализацијата на Чита, Ади истакна дека шимпанзото веројатно нема да живее долго и верува дека животното ќе се вознемири ако посетите престанат.

– Чита има 38 години и од мали нозе е навикната на луѓето. Во просек, шимпанзата живет 40 години, па неговото однесување сега нема да се промени – вели Ади.

извор: min.news, 24sedam.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1