ММС

Објавено на: 08/29/21 2:57 PM

Полицијата уапсила две лица во Чаир откако едно од нив пукало во воздух

На 28.08.2021 околу 17.45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Р.И.(39) и М.И.(47) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност” казниво по чл. 288 од Кривичен законик  и кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје и распрснувачки материјали” казниво по чл.396 од Кривичен законик, при што е одземен пиштол, две рамки и седум куршуми калибар 9мм.

Претходно Р.И. бил забележан како пука од огнено оружје во воздух. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1