ММС

Објавено на: 08/29/21 1:45 PM

Германски турист претепан до смрт на хрватски остров поради ретровизор

Во источниот дел на Башка на островот Крк во Хрватска во тесна двонасочна улица над плажата, возач на автомобил со загрепски таблици во еден момент со ретровизорот закачил турист кој од германко јазично подрачје.

Овој се разлутил и невнимателно му го откорнал ретровизорот по што возачот од Загреб излегол да се расправа. После кратка расправија, возачот го нокаутирал пешакот кој починал на лице место.

Засега нема информации дали до смртта дошло од последиците на самиот удар или несреќното лице при падот удрило со главата на асфалтот.

Сведоците велат дека обидот да се реанимира германскиот турист траел еден ча, но лекарите не можеле да го спасат.

Возачот имал околу 40 години, а туристот бил десетина година постар од него.

Полицијата се уште официјално не се огласила за случајот, односно синоќа само соопшти дека добиле повик за мртво машко лице.

Лицето е приведено, а истрагата е во тек. Обдукцијата на телото ќе покаже како настрадал туристот и кои се причините за смртта.

Извор: novilist.hr

Фото: Hrvaska.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1