ММС

Објавено на: 08/29/21 10:17 AM

Не им требаше многу време: Талибанците убија пејач само неколку дена откако забранија музика

Талибанците убиле авганистански пејач на народна музика само неколку дена откако најавија дека изведувањето музика на јавни места ќе биде забрането, јави “ал-Арабија“.

Пејачот Фавад Андараби бил брутално убиен во селото Кишнибад во долината Андараб, објави на Твитер бившиот авганистански министер за внатрешни работи Масуд Андараби.

– Бруталноста на талибанците продолжи во Андараб. Денес брутално го убија пејачот на фолк музика, Фавад Андараби кој им носеше радост на луѓето во долината – напиша бившиот министер во твитот.

Според светските медиуми, Фавад бил извлечен на сила од својот дом, а потоа бил убиен.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид пред неколку дена рече:

– Музиката е забранета во исламот, но се надевам дека луѓето ќе ги увериме да не прават такви работи, наместо да вршиме притисок врз нив.

Кога беа на власт од 1995 до 2001 година, талибанците строго забранија музички, телевизиски и филмски содржини. По американската интервенција во 2001 година, тамошната музичка сцена процвета. Се организираа концерти и фестивали, дури имаше и Авганистански национален институт за музика во кој беше создаден и женски оркестар.

извор: Mondo/Twitter/Al Jazeera

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1