ММС

Објавено на: 08/29/21 8:56 AM

Уште денес е можен пороен дожд, од утре не очекува стабилно време

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен во повардарскиот регион.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1