ММС

Објавено на: 08/28/21 9:00 PM

Ураганот Ида во Куба предизвика поплави и прекин во снабдувањето со електрична енергија

Ураганот Ида, што го зафати западниот брег на Куба, достигна брзина од 130 километри на час, предизвикувајќи силна бура и дожд, известува Агенција Анадолија (АА).

Локалните медиуми информираа дека последиците од ураганот, што ја достигна категоријата 1, се чувствуваат во главниот град Хавана и во покраините Артемис и Пинар дел Рио.

Официјалните лица соопштија дека во одделни подрачја дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија, а во крајбрежните региони на југот од земјата се забележани поплави.

Претседателот на државата, Мигел Дијаз-Канел, изјави дека земјата се соочува со сериозен предизвик и го повика народот да биде дисциплиниран.

Националниот центар за урагани вчера соопшти дека ураганот Ида би можел да предизвика поплави и свлечишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1