ММС

Објавено на: 08/28/21 8:30 PM

Сегашната позиција на Софија кон Северна Македонија е исправна, рече Слави Трифонов

Бугарија не треба да ја менува својата позиција по однос на ветото кон Северна Македонија, смета лидерот на „Има таков народ” Слави Трифонов.

Во интервју за Бугарската национална телвизија. меѓу другото, тој е категоричен дека сегашната позиција на Софија е исправна.

-Не, немаме никакво размислување за такво нешто. Сегашната бугарска позиција по прашањето е токму таква каква што треба. Топката е кај нив. Зошто долго време топката од наша страна беше додавана до нив, долго време ние имавме прекрасни односи кон нив како кон наши браќа, како кон дел од нас, без да се расправаме што и како било историски. Реакцијата од нивна страна беше, јас еднаш сум бил во Македонија и на бугарската амбасада имаше натпис „Бугари умрете”. Е па добро, ако е така, вели Трифонов прашан дали треба да се промени досегашната бугарска позиција по прашањето на ветото кон С. Македонија.

 

МИА

 

Фото:

balkaninsight.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1