ММС

Објавено на: 08/28/21 6:44 PM

Македонија повторно ќе се најде на „црната листа” на ЕУ за патување

Растот на бројот на новозаразени со коронавирус последниве недели ја враќа Северна Македонија на „црната листа” за патување во ЕУ.

Како што јави Дојче Веле, веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата.

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.
Се очекува одлуката да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочат со големи ограничувања при туристички, односно т.н. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1