ММС

Објавено на: 08/28/21 6:31 PM

Починаа 24 лица од Ковид-19, нови 978 случаи во земјава

Нови 978 случаи на Ковид -19 од направени 7.452 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Починати се 24 пациенти, а бројот на активни случаи во земјава достигна 14.127, соопшти Министерството за здравство.

Речиси половина од новите случаи односно 405 се во Скопје, по што следуваат Тетово со 72, Струмица со 66, Куманово со 55 и Гостивар со 48 случаи. Во Кичево се регистрирани 40 нови случаи, во Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.

Едноцифрен број на нови случаи има во Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.
Од починатите, двајца се на возраст од 39-години. Шест пациенти ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г) се починати во Скопје, четворица ( 68г, 59г, 58г, 39г) во Тетово и тројца ( 73г, 67г, 65г) во Струмица. По две починати лица има од Велес (78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 524 оздравени пациенти, а оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1